Уапсени 13 лица: Разбиена најголема група криумчари на мигранти во Македонија | Правдико

Правдико

   

Уапсени 13 лица: Разбиена најголема група криумчари на мигранти во Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и три лица се осомничени за криумчарење мигранти во Македонија. Тринаесет од нив се во притвор, а 10 се во бегство.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за сузбивањето на организираното криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места.

Обвинителството соопшти дека се поднесени кривични пријави против 23 лица, а меѓу осомничените има едно малолетно лице. Четири лица се државјани на Република Албанија.

Лицата се осомничени за сторени кривични дела криумчарење мигранти и организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти.

Во моментот на 12 осомничени лица, достапни на органите на прогонот, им е определена мерка притвор во траење од по 30 дена, а на едно лице мерка куќен притвор. Другите 10 лица се во бегство и се преземаат мерки и дејствија за нивно пронаоѓање.

Од Обвинителството велат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико