Уапсени 5 мигранти кои допатувале во Скопје со автобус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 04.10.2018 година околу 13.00 часот на меѓуградската автобуска станица во Скопје биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово.
По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош. Со лицата бил извршен разговор, по што биле предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.