Правдико

   

Уапсени 59 косовски полицајци заради примање мито

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kosovo-police-kosovo-interior-ministryВкупно 59 полицајци се уапсени во понеделник во Косово, под сомнение дека примиле поткуп.

„Уапсени се по четири месеци истрага“, рече главниот полициски инспектор Хилми Мехмети.

Меѓу уапсените се 35 Албанци, 23 Срби и еден полицаец од босанското малцинство.

Повеќето уапсени се сообраќајни полицајци кои примале мито од возачите, соопшти косовската полиција.

Обвиненија ќе бидат покренати и против лицата што давале мито.

Косово е на 103 место од 175 на листата на најкорумпирани држави според Transparency International.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико