Правдико

   

Уапсени албански новинари поради лажната вест „Се предвидува силен земјотрес, еве во колку часот“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради лажна вест за наводен силен земјотрес приведени се двајца новинари. Лажната вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, предизвикала синоќа невидена паника кај жителите на Тирана, Драч и Елбасан кои излегле од нивните домови. Веста била објавена веднаш по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија синоќа после 22 часот со јачина 4,5 степени според Рихтер, а со епицентар 7 километри северозападно од Валона и 20 километри од Тирана.

Веднаш по веста реагираше албанскиот премиер Еди Рама преку Фејсбук кој напиша дека станува збор за лажна вест и дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“. Реагираше и Министерството за внатрешни работи преку прес-конференција со цел да ги смири граѓаните кои испаничени до доцна вечерта чекаа низ улиците.

По објавувањето на веста и создадената паника, албанската полиција соопшти дека двајца новинари биле приведени. Според албанските медиуми станува збор за новинарот на порталот “SYRI.net”, Аурел Ракиплари и новинарката Даниела Грица од весникот „Шекули“. Објавување на лажни вести е кривично дело и во Албанија се казнува со 5 години затвор.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико