Правдико

   

(Видео) Уапсени дилери на дрога во новaта операција на МВР – ,,БРАНА”

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамки на ОА Мрежа, за сузбивање на дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво, Министерството за внатрешни работи продолжи со преземање на континуирани оперативно- тактички и технички мерки во насока на откривање, документирање и докажување на нивните криминални активности.

Во текот на 2015 година, отпочна истражување за организирана криминална група која делувала на национално и меѓународно ниво во вршење кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, а последните криминалистичко разузнавачки информации и докази укажуваат и на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството. Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување на финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимините законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР, во насока на сузбивање на оваа криминална група. Во текот на истражувањето преку меѓународна полициска соработка обезбедени се информации дека членови на криминалната група делувале и на меѓународно ниво, за што дополнително се превземаат мерки околу документирање на нивните прекугранични криминални активности поврзани со недозволена трговија со дрога и перење пари.

Од криминалистичко истражување „БРАНА“ добиени се сознанија дека ТРИ лица на возраст од 35, 38 и 42 години во периодот од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропни супстанци. За таа цел тројцата организатори ангажирале повеќе лица од кои двајца се веќе кривично пријавени за понатамошна продажба на марихуана, кокаин и екстази на територијата на Република Македонија, а со цел стекнување на противправна имотна корист.Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите.

Од извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења. Односно кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдени  бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и прозирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 мм, мобилни  телефони како и други предмети. Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети. Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години,  пронајдени се  2 полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага  и  49  банкноти во апоени од 1000 денари. Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и ПМВ Мерцедес со скопски регистарски ознаки.

Инаку досега во рамки на криминалистичко истражување „БРАНА“, во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над 4 килограми марихуана, семки  од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над 9 грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје.

Поради карактеристиките на криминалната група, за која постојат основи на сомневања дека има висок степен на коруптивно влијание и силна внатрешна поврзаност, од страна на надлежните институции ќе се продолжи со криминалистичкото истражување со цел обезбедување на дополнителни материјални докази и идентификување на други лица членови, а воедно се продолжува и со финансиската истрага.

Непознатите материи пронајдени при вчерашните претресите ќе бидат предмет на испитување и вештачење од страна на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР.

Во текот на денешниот ден до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3  од Кривичниот законик.

Пет од осомничените лица се обезбедени, едно лице против кое ќе биде поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по уште едно лице се трага.

Партнери на Правдико