Уапсени дилери од Неготино и од Кавадарци | Правдико

Правдико

   

Уапсени дилери од Неготино и од Кавадарци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осум лица на возраст од 19 до 26 години се уапсени викендов под сомнение дека вршеле препродажба на дрога. Во акцијата, според информациите на МВР, се запленети 70 грама марихуана.

Отсекот за недозволена трговија при СВР-Велес во текот на минатиот викенд, 15 и 16 септември, во рамки на активностите за спречување на уличната продажба и уживање на опојни дроги, реализираа акциски контроли на подрачјето на градовите Неготино и Кавадарци.

„При тоа од слобoда се лишени осум лица М.Ч. (19), П.А. (22), А.Д. (23), А.Ј. (26) М.Б. (25), В.В. (21), сите од Неготино и И.Ѓ. (21), и Л.И. (21) од Кавадарци. Кај приведените се пронајдени опојна дрога марихуана во помали количини подготвени за препродажба како и за употреба (цигари со марихуана). Во акциската контрола запленети се над 70 грамa опојна дрога марихуана“, соопшти МВР.

По извршениот разговор, приведените се ослободени, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико