Уапсени двајца борци на Исламската Држава во Салзбург | Правдико

Правдико

   

Уапсени двајца борци на Исламската Држава во Салзбург

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сомневајќи дека се бореле на страната на Исламска Држава, во Салцбург се уапсени двајца Сиријци. Уапсените тврдат дека се бегалци, и покрај тоа што нивните приказни за учеството во борбите во Сирија им биле сомнителни на останатите мигранти.

1201_panorama_003

Двајцата осомничени оваа година стигнале во Австрија, наведувајќи дека се бегалци, објасни заменик портпаролот на обвинителството во Салцбург, Роберт Холклајтнер.

Веќе неколку недели во медиумите кружеше информација според која двајца борци на Исламската Држава се во притвор, и дури сега обвинителството ја потврди оваа информација.

Наведено е дека овие лица им биле осомничени на останатите бегалци, и дека во нивните приказни за учеството во конфликтот во Сирија укажувале на припадност на ИД.

Обвинителството истакнува дека двајцата Сиријци, против кои е започната истрага, планирале напади во Европа.

Станува збор за мажи на возраст од 20 години, кои тврделе дека се бегалци и биле сместени во камп за бегалци, изјавуа обвинителството.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико