Уапсени двајца дебрани во чиј „голф“ била пронајдена вреќа со марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На регионалниот пат Дебар – Струга, на местото наречено Врабич, во попладневните часови на 20 јули полициски службеници уапсиле двајца дебрани на возраст од 23 години.
Двајцата биле со автомобил „голф“ со дебарски регистарски ознаки, а кога биле забележани, од возилото излегол еден од нив и се обидел да избега.
На местото на настанот била пронајдена вреќа со марихуана.
Двајцата 23-годишници биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Макфакс