Правдико

   

Уапсени двајца имигранти со куп оружје во Сараево

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца имигранти со државјанство на Алжир и Сирија беа уапсени во Сараево за време на полициската акција во која беше откриено дека тие поседуваат и кријат поголемо количество оружје, беше потврдено од страна на Министерството за внатрешни работи на округот Сараево.

Во соопштението од полицијата се вели дека мигрантите чиј полн идентитет не е објавен биле притворени во неделата вечер. Тие се обиделе да ги избегнат полициските службеници кои дошле да ги легитимираат.

Полицијата потврди дека при претресот на станот што го користеле мигрантите, како и околниот простор, нашле оружје. Станува збор за единечна пушка, четири пиштоли, придушувачи и сто куршуми со различни дијаметри.
Локалните медиуми објавија дека дел од тоа оружје било пронајдено закопано во земјата.

Мигрантите со иницијали А. М. од Сирија и Д. А. од Алжир се испрашувани, а во истрагата е вклучена и Службата за работа со странци”, која дејствува во рамките на Министерството за безбедност на БиХ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико