Уапсени двајца тетовци во чиј „голф“ бил пронајден кокаин
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во вечерните часови на 26 ноември во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР-Tетово ги уапсиле М.Ј.(43) и Ф.И.(33), двајцата од тетовското село Слатино.
Како што информираат од МВР, при преглед на автомобилот „фолксфаген голф“ со кој се превезувале двајцата тетовци, пронајден бил кокаин.
Двајцата се задржани во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
Извор: Макфакс