Уапсени малолетници кои извршиле две кражби во Тетовско
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тетовската полиција расчисти две кражби, кои на први и трети месецов во возило на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка и во објект на тетовската улица Илинденска ги извршиле двајца малолетници.
Како што информираат од МВР, осомничени дека ги извршиле овие кражби се 17-годишник од тетовското село Озормиште и 15-годишник од Тетово.
Двете лица се приведени во полициската станица во Тетово, а одземените парични средства и предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Извор: Макфакс