Уапсени полицајци поради грабеж вреден 300 илјади евра | Правдико

Правдико

   

Уапсени полицајци поради грабеж вреден 300 илјади евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

БАЊА ЛУКА – Шест членови на специјалната полиција на Република Српска уапсени за грабеж на оклопно возило од компанијата “Sector Security” во септември минатата година на автопатот Бања Лука-Градишка, кога украдени 600.000 марки (300.000 евра).

policija-republike-srpske_660x330

Се работи за пари од “Уникредит банка”, кои требаше да се транспортираат до седиште во Загреб.

Како што соопштува Алтернативна телевизија, уапсењата на активните членови на специјалната полиција на РС се случиле минатата ноќ , а еден од нив “падна” на полиграф, додека двајца одбија да се тестираат.

На автопатот Бања Лука-Градишка, тие пресретнале оклопно возило од компанијата “Sector Security”, а во пукањето што се случи беа користени автоматски пушки и ракетен фрлач.

Во пукањето е повреден еден член на “Sector Security”.

Aвтомобилот “Ауди А6”, кој беше користен во грабежот, е пронајден два дена подоцна сокриени во шумата, блиску до местото на настанот.

Уапсените припадници на специјалната полиција ќе бидат задржани 24 часа во полиција, а потоа обвинителот ќе предложи мерки.

Препорачуваме

Партнери на Правдико