Уапсени принцови и министри во Саудиска Арабија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кралот на Саудиска Арабија, Салман Ал Сауд сменил двајца клучни членови на власта, со што најверојатно ќе се зацврсти моќта на крунисаниот принц Мухамед бин Салман.
Кралот соопшти и дека 11 принцови, четворица актуелни министри и дузина поранешни министри се притворени од страна на новиот антикорупциски комитет кој е под власт на принцот. Се уште не се знаат имињата на притворените, но според официјални лица меѓу нив е милијардерот Алавед бин Талал и поранешниот министер за финансии Ибрахим ал Асаф.
Во јуни, оваа година принцот Мухамед бин Салман беше поставен на чело на државата откако неговиот татко, кралот Салман Ал Сауд одлучи да се откаже од поранешниот престолонаследник.
Извор: Радио слободна Европа