Уапсени седум припадници на ИД кои подготвувале напади во Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седум припадници на Исламска држава, кои подготвувале терористички напади во Русија, се уапсени во Екатеринбург, во областа Урал, соопшти Руската федерална служба за безбедност.
Лидерот на групата исламисти во Русија дошол преку Турција.
Џихадистите планирале терористички напади во најголемите градови во Русија, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, а потоа требало да побегнат во Сирија.
– Вооружените напаѓачи планирале големи терористички напади со помош на рачно изработени експлозивни направи – соопшти руската служба.
Уапсените екстремисти се граѓани на Русија и на некои централноазиски држави.
Извор: Мета