Уапсениот руски државјанин прогласен за „персона нон грата“ во Косово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека рускиот државјанин Михаил Красношченков, кој беше уапсен за „попречување во вршењето на службена должност“ за време на акцијата во северно Косово, е прогласен за „персона нон грата“.
Харадинај на Фејсбук напиша дека одлуката ја донел „поради активностите на рускиот државјанин против уставниот поредок на Косово, универзалните вредности, мирот и стабилноста“.
На Красношченков кој е службеник во Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) му е наложено да ја напушти државата. Харадинај го повика и специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во Косово да ја почитува одлуката.
Извор: Радио Слободна Европа