Уапсените каталонски министри може да бидат ослободени | Правдико

Правдико

   

Уапсените каталонски министри може да бидат ослободени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судија од Врховниот суд на Шпанија има намера да го преиспита налогот за апсења на осумте разрешени министри на каталонската Влада и двајцата активисти за независност од Каталонија.

Шпанскиот суд соопшти дека судијата ги повикал уапсените да се појават пред него в петок, а уапсените се надеваат дека ќе бидат ослободени за да можат да учествуваат на претстојните регионални избори што ќе бидат одржани на 21 декември.

Поранешните каталонски министри, кои беа уапсени на 2 ноември, се соочуваат со обвиненија за бунт, насилство и злоупотреба на државни средства, како и за усвојувањето на декларацијата за независност на Каталонија кон крајот на октомври.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико