Уапсено четврто лице поради нападите во Шпанија | Правдико

Правдико

   

Уапсено четврто лице поради нападите во Шпанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна четири лица.

Неколку часа претходно во каталонскиот град Рипол беше уапсено третото лице.

Во најпопуларната туристичка улица во центарот на Барселона, Ла Рамблас, вчера попладне комбе влета во пешаци при што загинаа 13 лица, а 100 се повредени.

Каталонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 15 луѓе се тешко повредени, 23 се здобиле со умерено тешки повреди, а 42 се полесно повредени.

Се’ уште не е познато колку точно напаѓачи учествувале во терористичкиот напад.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.

Само осум часа по нападот во Барселона, во Камбрилс се случи уште еден напад, во кој автомобил влета во пешаци и повреди седум лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена подоцна во болница им подлегнала на повредите. Полицијата во Камбрилс ги уби петмината напаѓачи.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико