Убедлива победа на прозападните партии на изборите во Украина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Прозападните партии однесоа убедлива победа на вчера (26.10) оддржаните предвремени парламентарни избори во Украина, пренесоа француските медиуми, цитирајќи истражување за излезеноста на избирачите.
Партијата на претседателот Петро Порошенко и четири други прозападни партии, вклучувајќи ги националистичките, заедно ќе освојат околу 70 проценти од гласовите.
Овие резултати се очекувани. Тие на актуелните прозападни политичари од власта им даваат силен мандат да ја доближат Украина до ЕУ и САД, да спроведат продемократски реформи и да ги реализираат планот на Порошенко за прекин на конфликтот со проруските сепаратисти во југоисточниот дел од земјата.
Со освоени приближно осум проценти од гласовите, главната проруска формација во земјата – Опозицискиот блок, исто така, го мина утврдениот петпроцентен цензус за влез во Врховната рада, покажаа резултатите од анкетата, спроведена по гласањето.
Според последните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), цитирани од ТАСС, излезеноста изнесувала едвај 40,77 проценти.
Извор: Нова Македонија