Убиен маж во тепачка во Кавадарци | Правдико

Правдико

   

Убиен маж во тепачка во Кавадарци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Педесет и деветгодишен маж е убиен во физичка пресметка во Кавадарци што се случила синоќа.

„На 16 ноември, околу 4:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С. од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на улицата Методија Џунов во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци“, информираат од МВР.

Мажот починал во кавадаречката болница.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико