Убиен напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во Франција | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Убиен напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во Франција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француската полиција го убила напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во јужниот дел на Франција, тврдејќи дека припаѓа на Исламска држава. Според информациите од француските медиуми, напаѓачот убил најмалку две лица, а ранил најмалку три.

Градоначалникот на градот Треб, претходно рече дека дека сите заложници се ослободени и дека напаѓачот се наоѓа во супермаркетот со еден полицаец.

Премиерот Едуард Филип рече дека инцидентот во Треб е терористички акт, додавајќи дека антитерористички иследници ја презеле истрагата за нападот. Филип исто така го потврди и инцидентот во градот Каркасон, каде четворица полицајци биле нападнати со огнено оружје.

„Еден од нив е повреден, но не е во животна опасност“ рече Фелипе.

Напаѓачот, според информациите, барал ослободување на Салех Абдеслам, единствениот преживеан терористи, кој е осомничен за нападоте во Париз. Абдеслам моментално се наоѓа во затвор, каде чека судење за неговото учество во терористичките напади во 2015 година во Париз.

Според француските медиуми, напаѓачот е со мароканско потекло и им бил познат на разузнавачките служби, особено на Генералната дирекција за внатрешна безбедност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико