Убиен портпаролот на Исламска држава | Правдико

Правдико

   

Убиен портпаролот на Исламска држава

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Портпаролот на милитантната група Исламска држава, Абу Мохамед ал-Аднани, еден од ветераните на ИД, убиен е во Алепо во Сирија, соопшти синоќа новинската агенција „Амак“, блиска до терористичката организација.

Abu-Mohamed-al-Adnani

„Амак“ јавува дека Аднани е убиен додека бил во инспекција на воените операции во Алепо, на северот на Сирија.

ИД држи територии во покраината Алепо, но не и во истоимениот град, каде бунтовниците се борат против силите на сириската влада.

Пентагон засега не ја потврдува смртта на Ал Аднани, но соопшти дека коалициските сили спровеле „прецизен напад“ на цели во близина на Ал Баб, сириски град покрај турската граница.

– Вршиме проценка на резултатите од нападот, но отстранувањето на Ал Аднани од бојното поле ќе биде уште еден значаен удар за ИД – рече портпаролот на Пентагон, Питер Кук.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико