Убиен претседателот на Хаити – среде ноќ дома му влегле командоси | Правдико

Правдико

   

Убиен претседателот на Хаити – среде ноќ дома му влегле командоси

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, бил убиен во својот дом во средата рано наутро, потврди владата.

Моиз е убиен во неговата приватна резиденција околу 1 часот по полноќ.

Премиерот на Хаити, Клод Џозеф, во соопшение потврди дека Моиз бил убиен од група напаѓачи. Тие не се идентификувани, но се вели дека се од шпанското говорно подрачје.

Првата дама на Хаити во нападот била повредена од куршум, се додава во соопштението.

Владата ги повика жителите да останат смирени и порача дека безбедносните сили имаат сè под контрола. Од таму додаваат дека сите мерки се воспоставени за да се обезбеди континуирано функционирање на државата.

Засега нема официјални информации за тоа кои би можеле да бидат напаѓачите врз претседателот на Хаити. Сепак, привремениот премиер Џозеф за нападот обвини група командоси под влијание „на странски елементи“, пренесува „Дојче веле“.

Жовенел Моиз (53) е претседател на Хаити од февруари 2017 година откако неговиот претходник Мишел Мартели отстапи од должноста.

Моиз честопати беше напаѓан од критичарите и обвинуван за корупција, а постојано беше соочен и со насилни антивладини протести.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико