Убиство кај Клинички во Скопје: Приведено момчето кое го усмрти својот татко | Правдико

Правдико

   

Убиство кај Клинички во Скопје: Приведено момчето кое го усмрти својот татко

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) го лишија од слобода момчето кое се товари дека синоќа пред полноќ, со неколку удари со нож, му нанесе смртни повреди на својот татко. Семејната расправија, што се претвори во трагедија, се случи во околината на Клинички центар.

„Полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода лицето Д.А. (24) бидејќи околу 23.15 часот, при семејна расправија на улица „Бигла“, со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А. (55). Предметот со кој е извршено делото е обезбеден“, се вели во официјалната информација на МВР.

Соседи велат дека синоќешната расправија не била прва на нивната улица, но, за жал, била прва со фатални последици. Неофицијално, С.А., по неколкуте убоди со нож што ги добил, тргнал по лекарска помош во комплексот Клиники „Мајка Тереза“, но успеал да стигне само до влезната рампа кај Клиниката за гинекологија.

Од МВР велат дека по документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: НОВАТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико