Правдико

   

Убиство во Лисиче: 17 годишно момче избодено со нож од врсник

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седумнаесетгодишно момче ноќеска е убиено во скопската населба Лисиче по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник. Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата  го пронашла и привела А.Т.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико