Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик | Правдико

Правдико

   

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Деветнаесет годишна ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера утрото во училишниот двор со остар предмет нападнала соученик.

Како што соопшти МВР, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга.

Ученичката е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико