Ученик пукал во директорот, уште седум лица повредени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Француската полиција објави дека го уапсила 17-годишниот средношколец од малиот француски град Грас, во јужниот дел на земјата. Ученикот, кој бил вооружен со пушка, два пиштоли и две рачни гранати, провалил во училиштето и го ранил директорот, а според истрагата, имал и помагач.
Полицијата цели дека „сторителите не им биле претходно познати на службениците“, а други извори тврдат дека не станува збор за напади од екстремисти.
– Еден од нив е успасен, додека другиот избегал. Се создала голема паника, а учениците се засолниле во блискиот супермаркет – пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Франција изјави дека осум лица се повредени во престрелката.
Извор: Нова Македонија