Правдико

   

УЈП: До 15 јануари поднесете пријава за регистрација за ДДВ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година.

Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Истовремено, потсетуваме дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност. За подобро информирање на даночните обврзници – физички лица по однос на правата и обврските кои произлегуваат од Законот за данок на додадена вредност, а воедно и обезбедување на повисоко ниво на услужност и поттикнување на доброволната усогласеност на обврзниците, преземете го „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“.

Водичот содржи корисни информации и упатства за предметот на оданочување со данок на додадена вредност, пресметувањето на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ, начинот на регистрација за цели на ДДВ, како и појаснувања за останатите права и обврски на даночниот обврзник – физичко лице. Водичот е изработен во соработка помеѓу Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Цивитакс – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица.

Доколку според Законот за данок на додадена вредност и дополнителните појаснувања и упатства дадени во „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“ сте оствариле промет оданочив за целите на ДДВ во износ кој надминува 1.000.000 денари, потребно е да поднесете Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Пријавата ДДВ-01 може да се преземе преку веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk.

Партнери на Правдико