УЈП издаде Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови | Правдико

Правдико

   

УЈП издаде Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpУправата за јавни приходи изготви ново „Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови“ кое обезбедува јасни насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за данокот на додадена вредност.

Упатството обезбедува и практични информации за:

  • начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО) до УЈП;
  • начинот на издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ФП-ДО);
  • начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ);
  • користење на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување.

Упатството можете да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико