УЈП ќе врши присилна наплата на радиодифузна такса- проверете дали имате долгови | Правдико

Правдико

   

УЈП ќе врши присилна наплата на радиодифузна такса- проверете дали имате долгови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp-zgrada-595x320Се повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за РДТ истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка. Како наједноставно да платите Радиодифузна такса? Како да проверите дали имате долгови за РДТ?…

Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?

УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.

Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Други корисни информации за РДТ:

– За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000;
– Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190);
– Флаер „е-Радиодифузна такса“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59);
– УЈП Соопштение (31.07.2015) „Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ за да не се соочат со присилна наплата“ http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/525).

Извор:УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико