УЈП: Листа на субјекти кои треба да подигнат известување за поведена прекршочна постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врз основа на член 44 став 8 од Законот за даночна постапка и Законот за општата управна постапка , Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, Комисија за прекршоци со Јавна објава бр.01 и 02 за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка, објавена во весникот „Дневник“ на 18 и 19 декември 2015 година ги повикува правните и физичките лица за кои е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка наведени во Листата (во прилог), во рок од осум дена да ги подигнат Известувањата за произнесување согласно член 63 од Законот за прекршоци, во просториите на УЈП – Регионална дирекција Скопје на ул.11 Октомври бр. 27, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот.
„Листата за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за:
1) Назив / Име на субјект;
2) Последна адреса на субјектот;
3) Број на известување;
4) Датум на известување.
Јавната објава ќе се огласи и во „Службен весник на РМ“ со што ќе се смета дека е извршена уредна достава на „Известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ од Листата бр. 25-18345/2 од 17.12.2015 година објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигнувањето на Известувањата и трошоците при спроведување на прекршочната постапка ќе ги сносат субјектите против кои се поднесени Барањата за поведување на прекршочна постапка.
Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА