Правдико

   

УЈП објави листа со затворени сметки преземени од поранешната Агенција за работа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ujp-nova1Согласно член 3 став 1 од Законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединици („Службен весник на РМ“, бр.180/14), Управата за јавни приходи објавува Листа на 30.449 субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва и трговци-поединци, и чии сметки не се пренесени кај носителите на платен промет до 31 декември 2001 година и се затвораат согласно со овој закон.

Листата ги опфаќа сите жиро сметки на наведените субјекти, со и без евидентирани налози и извршни решенија на редослед за извршување и со и без преостанати парични средства на сметката.

Се известуваат доверителите кои имаат ненаплатени побарувања од субјектите утврдени за наплата врз основа на судски одлуки со извршни решенија, дека истите можат да ги достават за наплата од евентуално преостанатите парични средства на жиро сметките на субјектите, во рок од 30 дена од денот на оваа објава, односно најдоцна до 13 март 2015 година. Судските одлуки и извршните решенија треба да се достават по пошта, на следната адреса:
Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје
бул. Кузман Јосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
со назнака: “ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ЖИРО СМЕТКИ – АБС“

За паричните средства што ќе преостанат по наплата на евентуалните извршни решенија, секој субјект чија жиро сметка се затвора може после 13 март 2015 година да даде налог за пренос на истите на сопствена трансакциска сметка што се води кај носител на платен промет, во рок од 30 дена, односно најдоцна до 14 април 2015 година. После тој рок, преостанатите парични средства од жиро сметките кои се затвораат Управата за јавни приходи ќе ги пренесе во корист на Буџетот на Република Македонија, согласно со член 3 став 4 од Законот.

Листата можете да ја превземете ТУКА

Партнери на Правдико