Правдико

   

УЈП ѝ објави војна на сивата економија: Утврдени 32 неправилности само во Скопје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

УЈП викендов спроведе контрола на при што се опфатени 195 објекти од кои кај 32 се констатирани неправилности, при тоа некои од нив се и затворени.

Само во Скопје се контролирани 34 објекти, неправилности имало во 11. Во Битола 14, неправилности кај 3, Охрид 16 и неправилности кај еден објект, Кавадарци и Неготино 37 и неправилности кај 5, во Тетово од 24 објекти неправилности имало кај 4, во Куманово 28 и неправилности кај 4 и во Гевгелија и Дојран 25 со неправилности кај 3 угостителски објекти.

Денеска на прес-конференција директорката на Управаа за јавни приходи Сања Лукаревска информира дека врз основа на податоци кои се добиваат на дневна основа утврдени се значителни отстапувања кај определена категорија на даночни обврзници особено услужниот сектор, како хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, превоз и друго.

„Недозволиво е реномирани објекти и тоа во центарот на Скопје да го изигруваат системот“, рече Лукаревска.

Појасни дека карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. компјутерски сметки, односно сметки кои се печатат од обиечн принтер преку постоење паралелен систе. Таа додаде дека обиди за изигрување на законот има и со употреба на стари фискални апаратеи, кои се одјавени, а кои беа во употреба до 31 јануари 2015 година.

Во контрола спроведена викендов УЈП посети 195 објекти од кои кај 32 се констатирани неправилности, при тоа некои од нив се и затворени. Новата директорката на денешната прес-конференција рече дека нејзините заложби и делувања ќе бидат насочени кон јакнење на транспареноста и професионалноста на даночната служба и прес се на неселективната борба на неплаќачите, а во интерес на грашаните и државата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико