УЈП: Oд 1 јануари - намалување на прагот за регистрација за ддв на 1.000.000 денари | Правдико

Правдико

   

УЈП: Oд 1 јануари – намалување на прагот за регистрација за ддв на 1.000.000 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1 милион денари, согласно измените на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.130/14).

ujp

Остварен промет над 1 милион денари во 2014 година

Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“).

Сите даночни обврзници кои во текот на месец Декември 2014 година ќе остварат промет над 1.000.000 денари, може веднаш, пред крајниот рок 15 јануари 2015 година, да поднесат Пријава “ДДВ-01“.
Даночните обврзници кои ќе поднесат Пријава“ДДВ-01“ во текот на месец Декември ќе бидат регистрирани за цели на ДДВ од 1 јануари 2015 година.

Остварен промет над 1 милион денари во текот на 2015 година

Даночните обврзници кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно должни се да ја поднесат Пријава (образец “ДДВ- 01“) најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.
Пример: Доколку со состојба 20-ти Јануари даночниот обврзник остварил промет 1.260.000 денари, Пријавата “ДДВ-01“треба да ја поднесе најдоцна до 15 февруари 2015 година.

Задолжително користење на е-Даноци за ДДВ обврзниците

Даночните обврзници кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ, навремено да преземат чекори за електронско поднесување на следните пријави кои задолжително се поднесуваат до УЈП преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, и тоа:

  • Даночна пријава на данокот на додадена вредност (ДДВ-04)
  • Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ)
  • Даночен биланс на вкупен приход (ДБ-ВП)
  • Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи (ПДД-ГИ)
  • Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (ПДД-ГИ/ОЗП)
  • Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари (ПДД/ГИ-ЗП)
  • Годишен даночен биланс за персоналeн данок на доход (ПДД-ДБ)
  • Биланс на приходи и расходи (Б)

Постапката на регистрација на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk. За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е да поседувате:

  • Дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС) – за лицето кое од фирмата е овластено за електронско пополнување/потпишување на даночни пријави и други поднесоци по електронски пат. Доколку веќе поседувате токен за користење на електронски услуги на други институции и банки во Македонија, истиот можете да го користите и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа.
  • е-Пошта – пријавена во Централен регистар на РМ, како единствена и неповторлива, а неопходна за воспоставување на двонасочна електронска комуникација помеѓу УЈП и даночниот обврзник.
  • Интернет – минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи Internet Explorer 8, Mozilla Firefox или Google Chrome. 

Сете обрасци за Управата за јавни приходи можете да ги превземете ТУКА

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико