УЈП: Плаќањето на радиодифузна такса е законска обврска | Правдико

Правдико

   

УЈП: Плаќањето на радиодифузна такса е законска обврска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp-zgrada-595x320Управата за јавни приходи најостро реагира на денешното соопштение од политичката партија СДСМ „По 11 декември ја укинуваме радиодифузната такса, ставаме крај на притисоците од УЈП“ (13.09.2016 година).

Апелираме одредени политичкии партии да престанат да ги квалификуваат надлежностите на УЈП и спроведувањето на законот како закана за граѓаните, наместо да поттикнуваат политики и мерки за зајакнување на даночната дисциплина.

Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, а УЈП има обврска да ги спроведува законите. Да потсетиме, во изминатите години даночната администрација воведе и нови услуги со кои времето и трошоците за плаќање на оваа јавна давачка се намалени.

Во минатото бевме сведоци дека токму после вакви изјави, политички прозивки и препукување кои во пракса се покажуваат како дополнителен поттик за неплаќачите и создавање на револт кај граѓаните, вработените во УЈП беа жртви на вербални и физички напади, што е само дополнителен факт дека политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика.

Препорачуваме

Партнери на Правдико