УЈП: Со новиот закон за прекршоци ги тргаме репресивните казни со коишто се уништуваа фирми | Правдико

Правдико

   

УЈП: Со новиот закон за прекршоци ги тргаме репресивните казни со коишто се уништуваа фирми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во Струмица се сретнаа со бизнис заедницата.

 

На средбата се разговараше за новиот Закон за прекршоците.

Дел од претставниците на бизнис секторот новите измени коишто предвидуваат намалување на казните, рекоа дека ги доживуваат како олеснување и ослободување од притисок.

Директорката на УЈП, Лукаревска рече дека столбот на новиот Закон за прекршоци пред се е превенцијата.
Лукаревска извести дека со новиот Закон за прекршоци се укинува и двојната санкција којашто претходно според постојниот закон, трговец поединец се третираше како правно лице.

“Да ги тргнеме драконските репресивни казни со коишти фирмите на некој начин се уништуваа. Тоа да остане во минатото. Нашата цел не е да ја намалиме дисциплината на и генерално на фирмите и на физичките лица, туку едноставно да го дадеме оптималното решение со коешто казните ќе преставуваат еден вид основа за успешно работење”, изјави Лукаревска.

Директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски изјави дека селективноста при вршење на контроли и санкционирање нема да постои. “Како претставници на две институции коишто се најповикани таму каде се изрекуваат казни, бидете сигурни и дека како правни и како физички лица нема да има селективност”, вели Пауновски.

“Тие кои прв пат ќе бидат фатени дека грешат, ја спроведуваме опомената. Ќе има и едукација. Меѓутоа, кај тие кои повеќепати ќе прават прекршоци, таму ќе мора да се применуваат казните и таму инспекциите ќе постапуваат така како што постапувале досега”, изјави Пауновски.

Со новиот Закон за прекршоците предвидени се 75 отсто помали казни за физички лица, како и 60 отсто помали глоби за малите фирми.

Препорачуваме

Партнери на Правдико