УЈП: Започна поднесувањето на Барања за финансика помош за вршителите на самостојна дејност | Правдико

Правдико

   

УЈП: Започна поднесувањето на Барања за финансика помош за вршителите на самостојна дејност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 01.12.2020 година работодавачите започнаа да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година БФП-ИП/2, а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат Барање за финансиски средства БФС-СВД/2.

Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.
Во текот на првиот ден, Управата за јавни приходи ја потврди комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември 2020 година на околу 5000 работодавачи.

Финансиската поддршка за исплата на плати за вработените за октомври 2020 година изнесува вкупно 951 252 239 денари, одобрени се 13 813 барања на работодавачи од кои за 12 470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата, со кои се опфатени 60 895 вработени.

Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за месец октомври изнесува вкупно 329 792 920 денари, а доставени се налози за исплата на 4277 самостојни вршители на дејност.

Партнери на Правдико