Правдико

   

УЈП започна со исплата на паричните средства од Мој ДДВ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ се префрлаат на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

Досега е исплатен поврат кај 16 600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирано се 22,670,713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11,423,978,620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1,241,434,628 денари. Повратот од 15 % е во висина од 186,215,194 денари.

Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ.

Партнери на Правдико