УЈП: Земјоделци - истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок | Правдико

Правдико

   

УЈП: Земјоделци – истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp[1]УЈП ги потсетува граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.

Постапка за регистрација на земјоделците и пријавување за паушално оданочување

Доколку досега не сте регистрирани во Управата за јавни приходи како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесете:

  1. Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“)
  2. Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“)

НАПОМЕНА: Ако веќе сте регистрирани во Управата за јавни приходи како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Пријавата (образец “УЈП-РДО/З”) и Барањето (образец “ПДД-ПЗ”) се бесплатни и може да се преземат на шалтерите во УЈП или преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled

Регистрираните земјоделци да пријават промена на податоците во УЈП

Доколку имате промени само во личните податоци (адресa , телефон и е-пошта), во тој случај промената на регистрационите податоци можете да ја пријавите со користење на услугата е-Промена на податоци, со повикување на бесплатната инфо линија 0800 33 000.

Доколку пак, имате промени во податоците за работна активност, податоци за членовите на Семејно земјоделско стопанство (СЗС), трансакциска сметка…должни сте да поднесете нова Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З”) заради ажурирање на вашите податоци во Регистарот на УЈП.

Обуки за земјоделци

Пријавете се и посетете ја обуката во вашата општина/град и информирајте се за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок…
Распоредот на обуките за земјоделците е објавен на веб страницата на УЈП (видиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pregled)

Корисни информации

За повеќе информации преземете ја брошурата „Паушално оданочување на приходи од земјоделска дејност” (видиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/45) или контaктирајте не преку е-пошта: info@ujp.gov.mk или Инфо центарот 0800 33 000.

Извор: УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико