Укинат куќниот притвор за битолскиот градоначалник Талески | Правдико

Правдико

   

Укинат куќниот притвор за битолскиот градоначалник Талески

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

taleski-apelacijaБитолскиот градоначалник Владимир Талески ќе биде ослободен од мерката куќен притвор, откако во понеделникот попладнетко Кривичниот суд во Скопје соопшти дека Апелациониот суд Скопје доставил решение со кое се уважува жалбата на Талески, кој е осомничен во предметот на Специјалното јавно обвинителство во јавноста познат како „Транспортер“.

Со тоа се укинува мерката куќен притвор и за Талески се определува мерка на претпазливост, односно тој има обврска да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основниот суд Битола.

Апелационен суд Скопје на 19-ти август го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот Владимир Талески кој е дел од предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор.

Тогаш Специјалното јавно обвинителство побара притворот на Талески да биде продолжен бидејќи сѐ уште трае истрагата.

Битолскиот градоначалник е првообвинет во случајот „Транспортер“ заедно со уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, кој се проценува околу 360.000 евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико