Укинат притворот на Крсто Мукоски | Правдико

Правдико

   

Укинат притворот на Крсто Мукоски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Мукоски, обвинет за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, решение со кое ја уважил жалбата на обвинетиот, изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор“, соопштија од Судот.

Од таму додаваат дека на Мукоски куќниот притвор му е заменет со мерки за претпазливост – одземање патна исправа, односно забрана за издавање нова и обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга.

Апелација оваа недела им го укина куќниот притвор и на Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, исто така пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а обвинети во предметот за 27 април.

Оваа недела во Собранието се одржаа неколку расправи за уставните измени што ги предложи Владата. За нивно усвојување потребно е двотретинско мнозинство. Денешната седница наместо во 12 часот е одложена за во 15 часот, но сè уште е неизвесно дали ќе се гласа за уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ неделава побараа дебатата да се прекине и веднаш да се оди на гласање. Во неколку наврати, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека сите пратеници се едногласни дека ќе гласаат против измените.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико