Укинат притворот на Стевчо Јакимовски | Правдико

Правдико

   

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот.

Како што соопштија од Кривичниот суд, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало укинување на куќниот притвор на Јакимовски на 12 септември.

Јакимовски беше приведен на 19 март. Тој и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела, како незаконска легализација и продажба на земјиште и бесправно градење. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико