Укината мерката „пар-непар“ за возачите во Сараево | Правдико

Правдико

   

Укината мерката „пар-непар“ за возачите во Сараево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска е укината мерката забрана за движење на одделни моторни возила, по системот „пар-непар“ што во Сараево беше воведена заради алармантното загадување на воздухот.

26122016192958_web_saraevo

Танјуг јавува дека мерката беше во сила само два дена.

Полицијата вчера и денеска не ги казнуваше возачите што не се придржуваа кон наведените правила, туку само пишуваше предупредувања.

За правните лица што не се придржуваа кон мерката беше пропишана парична казна во износ од 1.000 до 5.000 конвертабилни марки (КМ), а за физичките лица од 500 до 1.000 КМ.

Медиумите во БиХ вчера јавија дека мерката веднаш дала резултати бидејќи, судејќи според податоците од мерните станици, нивото на загаденост е намалено.

Забраната не се однесуваше на возилата на полицијата, Министерството за одбрана, на јавниот градски превоз, такси возилата, итната помош, пожарникарите, комуналните претпријатија, возилата на инспекциските органи и возилата со дипломатским таблички.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико