Укината затворската казна за поткуп на екс-градоначалникот на Кавадарци Панов | Правдико

Правдико

   

Укината затворската казна за поткуп на екс-градоначалникот на Кавадарци Панов

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање.

Предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, објави МИА, врз основа на потврдата од Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот.

Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август лани, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање. За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни тогаш судијата доктор Лазар Нанев.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико