Украдени 10.000 евра, злато и пиштол
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во две одделни кражби одземени се повеќе од 10.000 евра, златен накит, телевизор, лап-топ, пиштол и друго.
Според полицијата, во првата кражба која се случила во саботата или во неделата во Битола од куќа во сопственост на В.Б. (64), кој се наоѓа во Австрија, биле украдени телевизор, лаптоп компјутер, златен накит и 9.500 евра. Кражбата ја пријавил соседот М.Б. (62), а полицијата утврдила дека кражбата ја извршил непознат сторител кој влегол преку прозорците.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во Прилеп пак, ноќта од неделата кон понеделникот, од 19.30 до 00.40 часот, на булеварот „Гоце Делчев“, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Б.И. (74).
Сторителот притоа одзел 320 евра, 6.000 денари, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7.65 мм и златен накит. Имено, непознатиот сторител насилно ја отворил влезната врата од куќата, извршил пребарување по собите, и откако ги одзел наведените предмети, побегнал во непознат правец.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс