Украдени 40.000 долари од приватен сеф во Комерцијална банка | Правдико

Правдико

   

Украдени 40.000 долари од приватен сеф во Комерцијална банка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непознато лице украло 20.000 канадски долари, односно 40.000 долари од приватен сеф во Комерциајлна банка, филијала во Битола.

komercijalna-sef-dolari

Кражбата се случила во периодот од 26 мај до 21 октомври кога ја пријавил полномошникот по овластување на корисникот на сефот, педесет и тригодишен маж кој живеел во Канада.

Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.

Полномошникот на сефот забележал дека ги нема ковертите кога по пропишаната процедура му било дозволено да има пристап до сефот.

Пријавителот за тоа го информирал и директорот на банката. Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен пред два дена. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико