Украдени 65 милиони евра во биткоини – тргувањето стопирано
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Главната Bitcoin берза со седиште во Хонг Конг го суспендира тргувањето, откако хакери, наводно, украле $ 65 милиони од виртуелната валута, што предизвика колапс на вредностите и дигитални валута од над 20 проценти.
Берзата Bitfineks соопшти дека ги суспендира сите трансакции откако беше откриено дека на некои клиенти им биле украдени Биткоини, пренесува АФП.
“Денес откривме дека е пробиен системот за безбедност поради што моравме да го прекинеме тргувањето , да се запрат сите депозити преку токени, како и повлекувањата средства од Bitfineks”, се додава во соопштението објавено синоќа на веб страницата на берзата.
“Спроведуваме истрага поврзана со пад на системот за да се утврди што се случило … Ние ќе разгледаме различни опции за решавање на проблемот и со загубите на клиентите во текот на истрагата”, се вели во соопштението.
Компанијата побара трпение за време на истрагата.
“Блумберг њуз” објави дека хакерите од платформа зеле 119.756 биткоини, или околу $ 65 милиони евра по тековни цени.