Украдени часовник од 1.200 евра, златен накит, пиштол и куршуми од стан во Скопје | Правдико

Правдико

   

Украдени часовник од 1.200 евра, златен накит, пиштол и куршуми од стан во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

К.Х. (44) од Скопје пријавил во полиција дека од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба во станот на улицата Козле. Во периодот од 4.1 до 14.1.2018 година сторителот со погоден предмет ја отворил вратата од балконот, влегол во станот и одзел машки рачен часовник „брајтлинг“ од 1.200 евра, поголема количина златен накит, пиштол и куршуми, кои оштетениот ги поседувал со дозвола.

На тој начин сторителот стекнал противправна имотна корист од 1.000.000 денари, а причинил и материјална штета од 5.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико