Правдико

   

Украдени изборни материјали од просториите на ОИК Кавадарци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dik-2-860x680Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата.

Кражбата, според пријавата, најверојанто била извршена утрината истиот ден, во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која полициската екипа која извршила увид не констатирала оштетувања.

Од салата, според полицијата, биле одземени, три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата на МВР за случајот.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико