Украдени пари, накит и документи од куќа во Тетовско
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознат сторител извршил тешка кражба во куќата во сопственост на Р.Р. (60) во село Стримница, Тетовско, синоќа во периодот од 19 до 20.30 часот.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата од помошната просторија, влегол внатре, извршил пребарување и одзел две женски чанти во кои имало 3.200 франци, 200 евра, разновиден златен накит и разни документи, по што побегнал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија