Украдени пет квачила за спојување вагони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.При тешка кражба во село Трубарево биле одземени пет квачила за спојување вагони.
Од МВР информираат дека во периодот од од 3 до 7 часот во селото Трубарево, поточно „РЖ – Трубарево – Македонски железници“, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба, при што биле одземени пет квачила за спојување вагони. Тешката кражба била извршена на тој начин што кога непознатиот сторител дошол до вагоните и со употреба на погоден алат ги демонтирал квачилата, ги одзел и го напуштил местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс